Top Sport

(Видео) Бразил играше во „антирасистички“ црни дресови, пријателот на Вини почестен со банана

Пред пријателскиот меч помеѓу Бразил и Гвинеја, во кој бразилската репрезентација играше едно полувреме во црни дресови како протест за расистичките напади кои ги добиваше Винисиус Жуниор, неговиот пријател Фелипе Силва бил предмет на расистички инцидент со банана.

Поради Винисиус, кој во текот на изминатата сезона постојано беше мета на расистички напади, Бразил реши првпат во својата историја да игра со црни дресови на стадионот на Еспањол во Барселона, но неговиот пријател Фелипе Силва бил предмет на потсмев од еден вработен во обезбедувањето со банана. Според шпанските медиуми, човекот извадил банана и му кажал на Силва: „Рацете горе, ова е мојот пиштол за тебе“.

Бразил победи со 4:1 во мечот со головите на Жоелинтон, Родриго, Едер Милитао и Винисиус. Самиот Винисус се јави на Твитер.

„Додека јас играв со историскиот црн дрес, мојот пријател беше понижен на влезот на стадионот. Третманот е за жалење“, напиша Винисиус.

Scroll to Top