Top Sport

Челси сака да го купи Хари Мегваер

Челси е во големи проблеми во пресрет на новата сезона во Премиерлигата. Францускиот стопер Весли Фофана ги скина вкрстените лигаменти и се чини дека ќе ја пропушти целата сезона. Ова е сериозен удар за „сините“ бидејќи минатото лето го доведоа од Лестер за огромни 80 милиони евра.

Медиумите на Островот тврдат дека сега Челси активно се распрашува за статусот на Хари Мегваер. Стоперот на Манчестер Јунајтед е на излезната врата од клубот, а според некои извори се понудил на неколку клубови. Тој беше донесен од Лестер за 87 милиони евра, што е рекордна сума за дефанзивец.

Мегваер досега ја извршуваше и функцијата капитен на „црвените ѓаволи“, но Ерик Тен Хаг му ја одзеде лентата во пресрет на оваа сезона.

Тој има договор со Манчестер Јунајтед до летото 2025 година, а сега за него постои сериозен интерес од Челси.

 

Scroll to Top