Top Sport

Челси сака да ја „одработи“ казната и да ја прескокне Конференциската лига

Победата на Манчестер јунајтед против Манчестер сити во финалето на ФА Купот во саботата попладне (2:1) го испрати Челзи во Конференциската лига. Сепак, англиски „Телеграф“ навестува дека Челси ќе се обиде да го прескокне ова натпреварување.

Челзи во саботата навечер на својата веб-страница и социјалните мрежи објави дека следната сезона ќе игра во Конференциската лига, но на Островот се шират шпекулации дека тоа нема да биде случај.

Се шпекулира дека Челзи би можел да го следи примерот на Јувентус од минатат сезона.

Јувентус постигна договор со Европската фудбалска унија да се повлече од Конференциската лига и со тоа практично да ја одработи казната поради прекршување на правилата на финансискиот фер-плеј.

Токму тоа го наведува „Телеграф“ во написот на Мет Лоу, кој нагласува дека УЕФА ги контролира финасиите многу построго од Премиер лигата.

Понатамошната логика е јасна, ако Челзи веќе мора да прескокне сезона во Европа, тогаш најлесно е тоа да биде сезона во третото најсилно европско натпреварување.

Дали ќе биде така и дали Њукасл ќе го замени Челзи во Конференциската лига ќе биде познато наскоро.

Scroll to Top