Челси се фаворити за да потпишат договор со ѕвездата на Барселона, Усман Дембеле како замена за Ромелу Лукаку, кој најверојатно ќе биде пратен во Интер на позајмица.
Според „Дејли мејл“, Дембеле ќе биде првото засилување во ерата на новиот газда Тод Бели по инсистирање на менаџерот Томас Тухел кој го донесе во Борусија Дортмунд во 2016 година. 25-годишниот Французин тогаш имаше 10 гола и 21 асистенции во првата сезона во Бундеслигата, пред следната сезона да биде продаден на Барселона за 126 милиони фунти.
На „Ноу Камп“, тој немаше најмногу среќа, со проблеми со повредите и со дисциплината, но оваа сезона блесна под водство на Чави Ернандез. Барселона повеќе пати се обидуваа да го убедат да потпише продолжување на договорот, но сега е слободен играч.