Top Sport

Челси се фокусира на Муса Дембеле откако Ливерпул ги „победи“ за Вернер

 Челси своето главно засилување на тимот во летниот преоден рок го гледа во напаѓачот на Лион Муса Дембеле, откако првата цел, асот на РБ Лајпциг, Тимо Вернер (кој има 27 гола оваа сезона) е многу блиску до трансфер во Ливерпул.

Според „Атлантик“, Челси одамна го следат Дембеле, кој има 16 гола во 27 меча во Лига 1 оваа сезона. 23-годишниот Дембеле ја почна сениорската кариера со Фулам, пред да игра во Селтик, од каде замина во Лион во 2018 година.

На „сините“ им е потребен напаѓач бидејќи ќе го загубат Оливие Жиру на крајот на сезоната (му истекува договорот), а Теми Абрахам, стрелецот на 13 гола оваа сезона има повеќе проблеми со повредите.

Scroll to Top