Top Sport

Интер по 20 години ќе „раскине“ со „Најк“ за трансфер на „Адидас“?

Интер планира да ја раскине соработката која трае повеќе од 20 години со американската компанија „Најк“ за да склучи договор со германскиот „Адидас“ тврдат извештаите во Италија.

„Нераѕурите“ се поврзани со „Најк“ од 1998 година и првпат носеа дресови на американската компанија во сезоната 1998/99, меѓутоа новите кинески сопственици на клубот сметаат дека треба да добиваат повеќе пари од спонзорството.

„Најк“ им плаќа на Интер околу 10 милиони евра по сезона, далеку помалку од сумите кои ги добиваат другите големи европски клубови – Јувентус на пример добива 51 милиони евра годишно од „Адидас“, кои се заинтересирани за втор италијански клуб откако лани „раскинаа“ со Милан.

Бепе Марота, сегашниот генерален директор на Интер, беше клучниот во преговорите со „Адидас“ кога беше прв човек на Јувентус пред неколку години.

Scroll to Top