Top Sport

Челси се извинија за сексуалните напади од нивниот поранешен скаут Хит

Англискиот премиерлигаш, Челси официјално се извини за сексуалните напади на младите фудбалери кои ги извршил нивниот поранешен прв скаут, Еди Хит, кој почина во 1983 година.

Извештаите во Британија тврдат дека најмалку 23 фудбалери биле нападнати од Хит во 1970-тите години, и тоа сите на возраст од 10 до 17 години. Бордот на Челси „безрезервно“ се извини за штетата која е направена, иако извештајот на истрагата која ја предводеше адвокатот Чарлс Гики утврди дека во клубот знаеле што се случува. Во истиот извештај се тврди дека поранешниот помошник-тренер Дарио Гради ги прикривал доказите кои се појавувале за Хит.

„Се извинуваме за ужасните искуства на дел од нашите поранешни фудбалери, а нашата истрага сакаше да покаже дека вакви страшни моменти нема да се повторат. Во Челси сега има здрава спортска култура во која се слуша гласот на младите“, се вели во соопштението на клубот.

Scroll to Top