Top Sport

Руни стана фудбалер и менаџер на Дерби каунти

Англискиот второлигаш Дерби каунти потврди дека поранешниот англиски капитен Вејн Руни доби 18-месечен договор како фудбалер и менаџер заминувајќи од американскиот Ди Си јунајтед.

33-годишниот Руни, кој е рекордер по бројот на постигнати голови на Манчестер јунајтед и на англиската репрезентација ќе се приклучи на Дерби во јануари. Тој потпиша за Ди Си јунајтед од Евертон во јули 2018 и во 41 меч постигна 23 гола.

„Сигурен сум дека можам да придонесам на тимот. Возбуден сум за шансата која ја добивам и едвај чекам да се приклучам на менаџерот Филип Коку и на тренерскиот тим во јануари“, изјави Руни.

Дерби, кои ја започнаа сезоната со 2:1 победа на гости кај Хадерсфилд во понеделникот, се под водство на Коку откако Френк Лампард минатиот месец стана тренер на Челси.

„Да се има фудбалер со лидерски способности и карактер како Руни ќе биде голем плус за нас“, изјави Коку.

Претседателот на Рамси, Мел Морис призна дека Руни во прв план ќе биде фудбалер на клубот.

„Да се има име како Вејн Руни во тимот е неверојатна шанса за нас, а се надевам дека ќе започне и успешна менаџерска кариера“, изјави Морис.

Scroll to Top