Евертон стави крај на серијата од 17 натпревари без пораз, во која се наоѓаа фудбалерите на Челси. Претходниот пораз Челси го забележаа од Ливерпул (0:2) пред речиси три месеци. На „Гудисон парк“, Евертон го победија Челси со 1:0.
Евертон до победата дојдоа со голот од пенал, кој во 22.минута го постигна Гилфи Сигурдсон. На пеналот му претходеше невнимателниот старт на голманот Менди врз најдобриот стрелец во лигата Калверт-Лувин.
По голот вистинско е чудо како немаше уште голови. Веднаш по голот, десниот бек на Челси, Џејмс, имаше две добри шанси, во втората ситуација го погоди дирекот.
Шанси за Челси, но без реализација, имаа Зума и Маунт, кој од слободен удар го погоди дирекот.
Со оваа победа Евертон на шестото место има 20 бодови, два помалку од третопласираниот Челси.