Top Sport

Челси скапо ја платија победата над Астон Вила

Челси, вчера, победија кај Астон Вила (3:1), но останаа без двајца играчи. Мечот со Астон вила пред време го завршија Тијаго Силва и Нголо Канте.

Силва се пожали на болка во мускулот, додека Канте почувствувал болка во коленото.

„Ме загрижува состојбата на Канте. Забележав дека го боли. За Силва мислам дека не е ништо сериозно, на време го заменивме“, рекол Томас Тухел.

Овие двајца ќе го пропуштат наредниот натпревар. Челси, во среда, ќе го пречекаат Брајтон.

Scroll to Top