Top Sport

Челси сметаат на Фекир како замена за Азар

Маурицио Сари и Челси сакаат да го обезбедат потписот на ѕвездата на Лион, Набил Фекир уште во јануари, само шест месеци откако неговиот трансфер во Ливерпул пропадна во последен момент, тврди „Дејли мејл“.

Фекир би бил совршена замена за Еден Азар, кој одамна не ја крие желбата да игра за Реал Мадрид, но тој е само една од целите на „сините“, покрај Гонзало Игуаин и Кристијан Пулишиќ.

Ливерпул во текот на летото се договорија за трансфер од 53 милиони фунти на Фекир, но тој пропадна во последен момент поради проблемите со медицинскиот тест на Французинот, кој потоа стана светски шампион со „триколорите“ во Русија. Неговиот договор со Лион трае до јуни 2020 година.

Фото: ЕПА

Scroll to Top