Top Sport

Челси со јасна порака: Азар ќе ги чини Реал поскапо од Нејмар

По сѐ изгледа, Еден Азар ја заврши кариерата во Челси, откако самиот Белгиец по освојувањето на третото место на СП изјави дека размислува за својата иднина и за „ново поглавје“ во кариерата.

Ова веднаш ги зголеми шпекулациите дека Азар ќе биде замената за Кристијано Роналдо во тимот на Реал Мадрид, по што Челси според британскиот весник „Тајмс“ ја одреди вредноста на белгискиот гениј.

Челси јасно порачаа дека ќе мора да се сруши рекордот на трансферите, кој минатото лето го постави Нејмар по трансферот од Барселона во Пари Сен-Жермен – фантастични 222 милиони евра.

„Челси се подготвени да го продадат Азар, но само ако добијат понуда која ја надминува таа која ПСЖ ја даде за Нејмар“, тврдат во „Тајмс“.

Веднаш по изјавата на Азар, и неговиот соиграч од репрезентацијата и клубот, Тибо Куртоа изјави дека „каде ќе оди Азар, ќе оди и тој“, јасно порачувајќи дека не е задоволен од сегашниот договор во Челси, иако во декември му понудија нов договор со фантастични 200.000 фунти неделно.

Фото: ЕПА

Азар најави дека ќе го напушти Челси

Scroll to Top