Top Sport

Крај на „алијансата“ Ферари-Мерцедес во Ф1

Иако Ферари и Мерцедес беа заеднички против новите предлози на сопствениците на Ф1, „Либерти медија“ околу ограничувањето на буџетот и техничките правила од 2021 година, последните шпекулации велат дека италијанскиот тим е подготвен да потпише ексклузивен договор со американската компанија.

Пред Австриското ГП во Шпилберг имаше состанок на претседателот на Ферари, Серџо Маркионе и шефот на „Либерти“, Чејс Кери, заедно со претседателот на ФИА, Жан Тод, и сега Ферари се задоволни од кажаното и ветеното.

Претходно, Ферари заедно со Мерцедес беа на една страна со своите идеи за иднината, додека на другата страна беа помалите тимови предводени од Ред бул и „Либерти“. Сега, Мерцедес остануваат сами, со што се јавуваат и шпекулации околу нивната иднина во спортот по 2021 година.

Според „Ауто мотор унд спорт“, Маркионе го сменил мислењето откако Ники Лауда го критикувал Ферари за наводното додавање на масло во нивното гориво, барајќи од ФИА да интервенира.

Мерцедес и Ферари се како еден тим, вели шефот на Ред бул

ФИА откри: Мерцедес бараше истрага за Ферари!

Scroll to Top