Top Sport

Челси со луд пресврт до три поени кај Астон вила (видео)

Челси го доби првиот меч по паузата поради корона вирусот со два гола во три минути за 2:1 победа кај Астон вила и зголемување на предноста во трката за четвртото место во Премиер лигата по ремито на Манчестер јунајтед.

Во првото полувреме, „сините“ на Френк Лампард ја контролираа играта со над 74 отсто од посед на топката, но Вила беше во водство откако Кортни Хаус по една лоша интервенција на одбраната на Челси во 43. минута ја смести топката во мрежата на Кепа.

Меѓутоа, Кристијан Пулишиќ во 60. минута со убав гол со глава израмни на 1:1, за само три минути подоцна, Оливие Жиру со малку помош од одбраната на Вила да го комплетира пресвртот.

Со победата, Челси се зацврсти на четвртото место во Премиер лигата со 51 поен, три помалку од Лестер на третото место, но поважно пет поени пред Манчестер јунајтед и Вулверхемптон. Вила останува на претпоследното место со 26 поени, еден поен од безбедната зона.

Scroll to Top