Top Sport

Челси со слатка одмазда против Барса во полуфиналето на Младинската лига! (видео)

Челси се одмазди за поразот во финалето на УЕФА Младинската лига минатата сезона, елиминирајќи ја Барселона на пенали за да се пласира во финалето во понеделник, каде што ќе се сретнат со Порто, кои со 3:0 го победија Хофенхајм.

Голманот на „сините“, Карло Цигер беше херој за тимот на тренерот Џо Едвардс, откако прво прими два гола за 2:2 реми, а потоа во пенал-серијата беше најуспешен.  16-годишниот Ансумане Фати постигна два гола за двократните шампиони во младинската лига, но Челси израмни преку Лук Меккормик и Чарли Браун.

Scroll to Top