Top Sport

Челси тргнува по Косовецот Зенељи

Скаутите на Челси овој викенд ги прават последните подготовки пред трансферот на Косовецот Арбер Зенељи од Хервенен, праќајќи свои луѓе на мечот на неговиот Херенвен против Ајакс овој викенд.

Напаѓачот на Херенвен е атракција во Холандија оваа сезона, а бидејќи неговиот договор завршува ова лето, тој е достапен за помалку од 5 милиони фунти, јавува „Дејли мејл“.

Челси неколку пати го следеа развојот на 23-годишниот Зенељи, кој пред да настапува за косовската репрезентација играше за Шведска во У-17, У-19 и У-21 репрезентациите. Во 71 настап за Херенвен тој има постигнато 41 гол.

Scroll to Top