Top Sport

Челси во нокаут фазата, Севилја убедлива

Челси го победи Салцбург на гости со 1:2 и на коло пред крајот на групната фаза обезбеди пласман во осмина-финалето од Лигата на шампионите. Лондонскиот тим има 10 бода по пет меча во групата Е, а Салцбург и натаму е второпласиран, но Динамо Загреб и Милан допрва ќе играат на „Максимир“.

Матео Ковачиќ во 23.минута постигна убав гол од работ на шеснаесетникот, а израмни Адаму на почетокот на вториот дел. Сепак, Каи Хаверц постигна прекрасен погодок во 64.минута и обезбеди триумф.

Севилја беше убедлива на домашен терен против Копенхаген и славеше со 3:0. Гостите се држеа еден час, а потоа Ел Несири обезбеди водство. Во финишот Иско и Гонзало Монтиел го зачинија триумфот со уште два гола.

Scroll to Top