Ефикасно попладне на терените во Премиер лигата. На пет натпревари беа постигнати 17 голови. Убедливо победи забележаа Челси, Астон Вила и Бретнфрод.
Челси, во вториот дел на гостувањето кај Брнли, имаа фуриозни осум минути, постигнаа три гола и ја обезбедија победата. Рис Џејмс ја отвори серијата во 47.минута, а потоа Каи Хаверц постигна два гола до 55.минута. Конечниот резултат го постави Пулишиќ.
Филипе Кутињо потсети на своите најдобри изданија. Бразилецот ја предводеше Астон Вила до победата 4:0 над Саутемптон. Кутињо забележа аситенција и постигна гол во 52.минута. Претходно два гола постигнаа Воткинс и Даглас Луис, а серијата ја затвори Ингс.
Њукасл против Брајтон ја продолжија успешната серија. „Страчките“ победија со 2:љ, со головите кои во 12. и 14.минута ги постигнаа Фрејзер и Шер. Данк намали во вториот дел, а потоа победата на Њукасл ја одбрани голманот Дубравка.
Брентфорд до хет-трикот на Тони, победија во Норич со 3:1. Гостинска победа, кај Вулверхемптон забележа Кристал Палас. Головите во победата 2:0 ги постигнаа Матета и Заха.