Менаџерот на Челзи, Лиам Розениор, потврди дека поради повреда, капитенот Рис Џејмс ќе го пропушти реванш натпреварот од осминафиналето против ПСЖ. Џејмс се повреди пред два дена во натпреварот од 30-тото коло од Премиер лигата против Њукасл (0:1).
„Тој почувствува проблем со тетивата. Тоа е навистина фрустрирачко и разочарувачки за нас. Сè уште не го знаеме целосниот степен на повреда, но јасно е дека нема да игра против ПСЖ“, рече Розениор, објави официјалната веб-страница на клубот.
„Џејмс би можел да отсуствува неколку недели. Никогаш не е добаро со повреда на тетивата. По скенирањето ќе дознаеме повеќе за неговата повреда. Знаеме колку е важен играч во нашиот тим. Тој е капитен и лидер на нашиот тим“, додаде менаџерот на Челзи.
Реваншот од осминафиналето помеѓу Челзи и ПСЖ ќе се игра во 21 часот. Во првиот натпревар, кој се одржа во Париз, резултатот беше 5:2 за ПСЖ.
Foto/ depositphotos
