Top Sport

Челзи донесе уште еден Бразилец

Бразилскиот фудбалер Естевао Вилијан официјално стана нов член на Челзи, објави англискиот клуб.

Во јуни 2024 година, Челзи постигна договор со Палмеирас за Естевао да се пресели на „Стенфорд Бриџ“ откако ќе наполни 18 години.

„Многу сум среќен и задоволен што го претставувам Челзи, еден од најголемите клубови во светот. Се надевам дека ќе му помогнам на тимот на најдобар можен начин. Чекав речиси година и пол за да дојдам тука, работев напорно и се трудев најдобро што можам да бидам во најдобра можна форма“, рече Естевао.

Последниот натпревар на Естевао за Палмеирас беше против Челзи во четвртфиналето на Светското клупско првенство, кога постигна гол во поразот од 2:1.

Бразилскиот фудбалер дебитираше за сениорската репрезентација во септември минатата година, за која одигра пет натпревари.

На 17 август, Челзи ќе игра против Кристал Палас во првото коло од Премиер лигата.

Scroll to Top