Трансферот на Саму Омородион во Челзи пропадна, бидејќи играчот на Атлетико падна на медицинските тестови. Сепак, Челзи и Атлетико се посветени на реализација на трансферот на Конор Галагер, кој зависеше од Омородион, па се сега бараат нови решенија.
Проблемото може да го реши Жоао Феликс. Момчето кое дојде во Атлетико во 2019 година, за рекордни 126 милиони евра и никогаш не успеа да се наметне во Мадрид.
Во меѓувреме, тој помина шест месеци на позајмица во Челси (од јануари до јуни 2023). Но, не се истакна со оглед на тоа што на 20 натпревари постигна само четири гола.
Самиот Феликс се чувствуваше најдобро минатата сезона во Барселона, но Каталонците немаат финансиска конструкција да го откупат неговиот договор.
Прашање е како ова ќе заврши бидејќи Феликс сега нема ништо против да остане во Атлетико, а истото го мисли и тренерот Диего Симеоне. Феликс играше на трите подгтвителни натпревар за Атлетико и на сите постигна по гол.
Исто така двете страни потенцираат дека работат да најдат решение, но и дека трансферот на Галагер во Атлетико не зависи од трансферот на Омородион.