Top Sport

Челзи принуден да продаде 15 играчи

Во првата година откако Тод Боели стана сопственик на Челзи, направи загуба од 90,1 милиони фунти (105,4 милиони евра). Неповолниот финансиски извештај се однесува на периодот од март 2022 година до јуни 2023 година.

Извештајот за тековната финансиска година покажува влошување на финансиската состојба на клубот. Причината се милијарда евра потрошени за купување на нови играчи, кои го ставија Челзи под лупата на Премиер лигата поради сомневањата дека клубот работи според правилата за финансиска одржливост.

Се чини дека финансискиот извештај го освести Боели дека неговата иновативна трансфер политика го загрозува опстанокот на клубот и дека единствениот начин да се спаси е Челзи да почне да се однесува според фудбалските правила.

Со оглед на тоа што „сините“ се далеку од зоната на Лигата на шампионите, па и на Лига Европа, дупката во касата може да ја пополнат само со продажба на играчи.

Англиските медиуми објавија дека на „Стемфорд Бриџ“, направиле трансфер листа со имињата на 15 играчи кои ќе се обидат да ги продадат во летниот преоден рок.

На списокот се голманот Кепа Аризабалага, дефанзивците Маланга Сар, Тијаго Силва, Тревор Чалоба, Марк Кукуреља, Јан Матсен, играчите од средниот ред Карни Чукувумека и Конор Галагер, крилата Нони Мандуеле, Рахим Стерлинг и Хаким Зијеш и напаѓачите Ромелу Лукаку, Давид Фофана и Армандо Броја.

Се проценува дека во најповолни околности Челзи може да заработи околу 250 милиони фунти, но и значително да го растерети буџетот за плати, кој моментално е растегнат на 175 милиони фунти.

Продажбата на играчи е единствениот начин менаџерот Маурисио Покетино да добие пари за да ги купи играчите кои навистина ги сака во текот на летото. Предуслов е Боели да не ги чита вестите за тоа кого имаат намера да купат Арсенал или Ливерпул и со неразумно покачување на обештетувањето да украде играч, како што направи со Мојсес Кајсед, за кого на Брајтон ќе му плати вкупно 136 милиони евра.

Scroll to Top