Фудбалерот на Борусија Дортмунд, Џејми Гитенс, е цел на Челзи. Клубот и фудбалерот ги договориле финансиските детали, по што во Дортмунд е испратена понида за крилниот напаѓач.
Челзи ѝ нуди на Борусија 35 милиони евра обештетување за 20-годишникот, додека во Дортмунд бараат најмалку 50 милиони за да дадат зелено светло за трансферот.
Англичанецот побарал дозвола за трансфер од челниците на клубот, а бундеслигашот го гледа тоа како идеална можност сериозно да профитира од уште еден многу талентиран фудбалер од своите редови.
Гитенс имаше одличен почеток на сезоната, беше една од ретките светли точки под водство на поранешниот тренер на „милионерите“, Нури Сахин, но кај Нико Ковач и не беше толку добар.
Хрватскиот стратег често го форсираше системот без вистински крилни напаѓачи, но Гитенс повторно се бореше за поголема улога на крајот од сезоната.
Џејми одигра вкупно 48 натпревари во сите натпреварувања, со учинок од 12 гола и 3 асистенции.
На Челзи му се потребни засилувања на крилните позиции откако се раздели со позајмениот играч на Манчестер Јунајтед, Џејдон Санчо, но и поради суспензијата на Микаил Мудрик поради позитивен допинг тест.
Гитенс (20) играше во младинските тимови на Рединг, Челзи и Манчестер Сити, а е член на Борусија од 2020 година.