Top Sport

Черчесов повеќе не е селектор на Русија

Станислав Черчесов повеќе не е селектор на фудбалската репрезентација на Русија. Фудбалскиот сојуз на Русија реши да ја прекина соработката со Черчесов поради неуспешниот настап на ЕУРО 2020.

Првиот човек на Сојузот, Александар Дјуков, рекол дека двете страни спогодбено се разделиле.

„Заедно решивме да се прекине соработката. Руската фудбалска унија сега започнува потрага по кандидати за местото селектор. Тој ќе треба да ја подготвува репрезентацијата за настап на Светското рпвенство во Катар“.

Черчесов стана селектор на Русија на 10.август 2016 година. На Светското првенство, Русија играше во четврт-финалето, меѓутоа доживеа дебакл на тековното европско првенство.

Во конкуренција на Данска, Белгија и Финска, Русија не успеа да ја мине групата.

Scroll to Top