Top Sport

Черишев останува во Валенсија

Валенсија продолжува со импресивните летни засилувања, откако го комплетира постојаниот договор со Русинот Денис Черишев од Вилјареал, давајќи му договор на три години.

Черишев, кој лани играше како позајмен фудбалер кај „Лос че“, е донесен за помалку од 7 милиони евра, но во договорот има откупна клаузула од 80 милиони евра. Черишев импресионираше на домашното СП минатата година, пред да има одлична сезона во која со Валенсија го освои Копа дел реј.

28-годишниот Черишев цела фудбалска кариера ја помина во Шпанија, откако играше во младинските тимови на Спортинг Хихон, каде што играше неговиот татко. По ова тој замина во Реал Мадрид, каде што играше за Б-тимот , но не успеа да најде место во првиот тим, за кој имаше само два настапи. Потоа, тој играше една сезона во Валенсија како позајмен фудбалер, пред летото 2016 да замине во Вилјареал.

Scroll to Top