Top Sport

Барела, конечно, потпиша за Интер

Николо Барела и официјално е нов фудбалер на Интер, откако „нераѕурите“ одвоија 50 милиони евра на Каљари. Италијанскиот фудбалер од средниот ред денеска ги помина медицинските тестови и потпиша петгодишен договор вреден 2.5 милиони евра по сезона.

Цената која Интер ќе ја плати е 50 милиони евра, но тие ќе бидат „раширени“ преку договор за позајмица со обврска за купување и различни бонуси. Позајмицата ќе ги чини 12 милиони евра, со 25 милиони евра за купување.

22-годишниот Барела израсна во Каљари, освен кратката позајмица во Комо во 2016 година. И покрај тоа што е млад, тој има 100 настапи во Серија А и седум во италијанската репрезентација, за која постигна и два гола.

Scroll to Top