Top Sport

Чешки фудбалер јавно призна дека е геј: Сакам да живеам без страв и предрасуди

Чешкиот фудбалер Јакуб Јанкто јавно призна дека е геј. Фудбалерот кој од Хетафе е позајмен во Спарта Прага, а своевремено играше во Серија А во Сампдорија и во Удинезе, се обрати на јавноста преку видео во кое кажа дека сака да живее слободно, без страв и предрасуди за своите животни одлуки.

„Како и сите останати, јас сакам да живеам целосно слободно, без страв и предрасуди, без насилство и во љубов. Јас сум хомосексуалец и повеќе не сакам да го кријам тоа“, истакна Јанкто.

 

Scroll to Top