Чешкиот милијардер, Даниел Кретински, кој веќе е сопственик на Спарта Прага, е пред купување на 27 отсто од акциите на премиерлигашот Вест хем како прв чекор за целосно преземање на клубот, тврди „Скај спортс“.
Кретински, кој веќе е влезен во англискиот бизнис со големи уддели на Кралската пошта и на ланецот маркети „Сеинсбјури“, сега има амбиција да стане и газда на премиерлигаш, со прв чекор како малцински сопственик на клубот од источен Лондон.
Вест хем од 2010 година е во сопственост на двајца поранешни големи навивачи на клубот, Дејвид Голд и Дејвид Саливен, откако го продадоа Бирмингем сити. Двајцата ги направија парите во порно-индустријата, но под нивно водство Вест хем се врати во Премиерлигата и создаде тим за почит.