Top Sport

Чесите се подготвуваат за англиска инвазија за финалето со евтино пиво и многу полиција

Стадионот на Славија Прага на 7 јуни ќе биде домаќин на финалето на најновото и најмалку престижно европско финале, Конференциската лига помеѓу Вест хем и Фиорентина и чешките власти признаваат дека стравуваат од нереди во еден од најубавите европски градови, повикувајќи 10.000 полицајци од целата земја за настанот.

Ова доаѓа откако ултрасите на АЗ Алкмар ги нападнаа навивачите на Вест хем минатата недела во полуфиналниот меч, и чешката полиција се консултира со Скотланд Јард, но и со италијанската полиција за да се обезбеди некаков ред на големото финале.

Двата тима добија по само 4.890 официјални билети, но се очекува огромен број на англиски навивачи, но и многу Италијанци да пристигнат во чешката престолнина. Стадионот „Фортуна арена“ на Славија Прага има само нешто на 20.000 седшта.

„Немаме никакви потврди, но веруваме дека ќе има проблем со тепачки меѓу двете групи навивачи и се надеваме дека ќе го ограничиме тоа на минмум. Нема да има прекин во продавањето пиво, тоа е сигурно. Знаеме дека ќе има многу алкохол и насилство, но ние сме подготвени“, вели извор од чешката полиција за „Дејли мејл“.

Scroll to Top