Top Sport

Четата на Клоп триумфално кај Лидс за трета позиција на табелата

Ливерпул како гостин на „Иланд Роуд“ предмалку со 3-0 славеше во мечот од 4. коло од Премиерлигата кај Лидс.
Избраниците на Марсело Биелса беа инфериорни во однос на „црвените“ кои имаа повеќе посед на топка, а упатија и повеќе удари кон противничкиот гол.

Во 20. минута Мо Салах на асистенција на Александер-Арнолд го носи својот тим во водство.
Во продолжение од првото полувреме Садио Мане имаше неколку шанси за зголемување на водството, но на полувреме се отиде со мининамална предност.

Се играше 50 минута кога Фабињо налета на една одбиена топка и ја смести во небранетиот дел од мрежата за 2-0 за „црвените“.

Дополнително олеснета им беше работата на гостите откако во 60 минута Струјк жестоко стартуваше над Елиот (се работи за скршеница), па заслужено му беше покажан патот кон соблекувалната.

Во самиот финиш, во 92 минута, заслужено во листата на стрелци се запиша и Мане, по асистенцијата на Алкантара за конечни 0:3.

По 4 кола Ливерпул е третопласиран со 10 бода, исто како и Челси односно Манчестер Јунајтед на водечките места на премиерлигашката табела.

Лидс со две нерешени и два порази, без триумф е во долниот дел од табелата.

Scroll to Top