Top Sport

Виктор Переира на клупата на Евертон?

Како што пишува „Скај Спорт“, Виктор Переира е прв пик на челниците на Евертон за нов тренер. Евертон од синоќа се без тренер откако клубот му врачи отказ на Марко Силва. Португалскиот тренер го остави Евертон во опасната зона, на 18 место ан табелата со само 14 поени.

Виктор Переира работи во Кина, веќе три години тој е тренер на Шангај СИПГ. Според „Скај Спорт“ тој бил заинтересиран да се врати во Европа и да ја прифати понудата на Евертон.

Сонародникот на отпуштениот Марко Силва во кариерата работел во Минхен 1860, Фенербахче, Олимпијакос, Ал Ахли, Санта Клара и Ешпињо. Тој две години му бил асистент на Андер Вилас Боаш во Порто.

Во кариерата има две титули со Порто, титула со Олимпијакос во Грција и титула со Шангај во Кина. Сезонава Шангај во финишот испаднаа од трката за титулата во Кина и првенството го завршија на третото место.

Scroll to Top