Top Sport

Четири фудбалери на Каљари се позитивни на корона вирусот

Каљари потврдија дека четири нивни фудбалери: Филип Брадариќ, Лука Чепители, Алберто Чери и Кирил Десподов се позитивни на КОВИД-19 по што се одложи враќањето на тренинзи во Арицо.

Бугарскиот интернационалец Десподов бил позитивен по враќањето во својата татковина, а потоа биле откриени и позитивните тестови на другите тројца фудбалери при рутинските тестови пред враќањето на тренинзи.

Според протоколот, уште двајца фудбалери кои биле во близок контакт со позитивните фудбалери, се во самоизолација. Каљари очекува да се врати на тренинзи веќе утре.

Scroll to Top