Top Sport

Четири години подоцна „Франс Фудбал“ сака да му ја додели „Златната топка“ на Левандовски

Во 2020 година, магазинот „Франс Фудбал“ ја пропушти можноста да ја додели наградата „Златна топка“ за најдобар фудбалер. Поради пандемијата на коронавирус и се што се случуваше, наградата не беше доделена, но неправдата, пред се, кон Роберт Левандовски може да биде исправена, пренесува „Мундо Депортиво“.

Пред неколку месеци во Франција беше отворена истрага за доделување на „Златната топка“ за 2021 година.

Според тгласините, ПСЖ вршел притисок врз уредниците на „Франс Фудбал“ да му ја доделат наградата на Аргентинецот Лео Меси.

Левандовски заврши на второто место и наградата уште еднаш му побегна.

Но, со оглед на тоа што угледот на магазинот и самата награда се загрозени од истрагата, сега се разгледува можноста за ретроактивно доделување на наградата за 2020 година.

На овој начин би се исправила неправдата кон Левандовски кој блескаше таа година.

Полјакот таа година постигна 55 гола на 47 натпревари.

„Во 2020 и 2021 година ги имав двете најдобри години во кариерата. Неодамна еден пријател ми ја покажа статистиката, на 85 натпревари постигнав 100 голови. Секако дека би сакал еден ден да ја освојам „Златната топка“. Лут сум и тажен што сè уште ја немам, но чувствувам дека можев да ја освојам во една од тие две години да кажам вака, ако ја освојам наградата за 2020 година, четири години подоцна би ми било голема чест и би го прифатил“, изјави Левандовски неодамна во интервју за „Билд“.

Има шанси да се случи такво нешто, но се ќе зависи од одлуката на луѓето од „Франс Фудбал“.

Scroll to Top