Top Sport

Четири клуба бараат истрага против Евертон

Евертон, на драматичен начин, во последното коло избори опстанок во Премиер лигата. Минималната победа над Бортмут го остави „карамелите“ во англиската елита. Наместо да се слави опстанокот, Евертон се бори со бројни проблеми кои го притискатаат клубот. „Карамелите“, се соочуваат со судски постапки поради кои клубот може да изгуби десетици милиони фунти (во полза на Лестер, Лидс, Саутемптон и Барнли) доколку се открие дека ги прекршиле правилата за финансиски фер-плеј.

Како што пренесуваат британските медиуми, рочиштето е закажано за 25 октомври.

На крајот на март, случајот на Евертон дојде пред независна комисија која го истражуваше трошењето на клубот во сезоната 2021/22. Истрагата ја покренаа Лестер, Лидс, Саутемптон, Барнли и Нотингем Форест кои побараа Премиер лигата да го истражи случајот пред крајот на сезоната.

На крајот на сезоната 2021/22, Лидс и Барнли испратија писмо до челниците на лигата во кое побараа да се истражи дали клубот од „Гудисон“, ги прекршил правилата бидејќи имал пријавен долг од 371,8 милиони фунти во период од три години.

Премиер лигата дозволува максимален долг од 105 милиони на тригодишно ниво, оние кои не го почитуваат ова правило можат да бидат казнети со одземање поени.

Тогаш Премиер лигата им одговори на Лидс и Барнли дека веруваат дека нема случај против Евертон.

Клубовите повторно го покренаа ова прашање во март годинава.

Според „Гардијан“, клубовите сега заеднички побарале помош од адвокатите и бараат случајот да се истражи до крај, а исто така тврдат дека оние кои на крајот испаднаа поради Евертон никогаш нема да можат да добијат соодветна финансиска отштета, бараат и спортски санкции и заштита на интегритетот на натпреварувањето.

Иако клубовите бараат брза процедура, од лигата наведуваат дека не можат и дека нема да брзаат, па расправата за овој случај ќе се одржи за четири месеци.

Scroll to Top