Во пресрет на Светското првенство во фудбал, четири руски новинарки решија да се соблечат за „Плејбој“. Новинарките работат за спортскиот канал „Меч ТВ“, а интересно тие неодмна се соблекоа за магазинот „Максим“.
Наталија Кларк, Софија Тартакова, Марија Макарова и Марија Бас по фото сесијата рекле дека не било лесно да се позира пред фотографот на „Плејбој“, бидејќи во студиото минале осум часа.
„Голема чест е да се биде на насловната страница на светски познат магазин, каков што е „Плејбој“. Сакам да му се заблагодарам на нашиот ТВ канал што ни го овозможи ова. Ова е неверојатно искуство“, рекла Кларк, а нејзината колешка Тартакова дополнила:
„Без размислување се согласив. Особено ме инпресионираше професионалноста на фотографот. Подготвивме многу изненадувања за читателите на „Плејбој“.
Изданието на „Плејбој“ со руските спосртски водителки треба да се појави во јуни, пред почетокот на Светското првенство.
Мундијалот во Русија ќе се игра во 11 градови на 12 стадиони во Москва, Санкт Петербург, Казањ, Нижни Новгород, Саранск, Калининград, Сочи, Екатеринбург, Ростов на Дон, Волгоград и Самара.