Top Sport

Клоп: Повредата на Окслејд-Чембрлен изгледа сериозно

Играчот од средниот ред на Ливерпул, Алекс Окслејд-Чембрлен, се повреди синоќа на дуелот против Рома, поради што на носилки беше изнесен од теренот.

Англискиот репрезентативец во 18.минута од натпреварот, по еден вообичаен фудбалски дуел со Александар Коларов остана да лежи на теренот.

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, во своите први изјави по победата на Ливерпул 5:2, рекол дека повредата е сериозна.

„Изгледа дека повредата е сериозна. Знаете и само што значи тоа, ако ова го зборувам пред да бидат извршени деталните прегледи. Тоа никогаш не се добри вести. Ова преставува проблем за нас бидејќи во овој момент не можеме да потпишеме нови играчи. Ќе мора да бидеме краетивни во последните мечеви во сезоната, а сите тие натпревари се важни“, рекол Германецот.

Изјавата на менаџерот Клоп може да значи дека сезоната за Окслејд-Чембрлен е завршена и дека под знак прашалник е неговиот настап на Светското рпвенство во Русија.

Окслејд-Чембрлен го пропушти претходниот Мундијал во Бразил исто така поради повреда.

Scroll to Top