Top Sport

Четири тренерски смени во Серија Б

Вчерашниот ден донесе смена на четворица тренери во италијанската Серија Б. Откази на тренеритеим поделија Беневенто, Комо, Пиза и Перуџа.

Беневенто го отпушти Фабио Касерта по поразите од Каљари и Бреша, а медиумите пишуваат дека неговото место на клупата може да го наследи Фабио Канаваро.

Минатата сезона Пиза беше многу блиску до промоција, но на почетокот од оваа сезона во првите шест кола освои само два бода, што беше доволна причина за прекин на соработката со Роландо Маран. На негово место ќе дојде Лука Д’Анџело.

Како нов член на Серија Б, Комо влезе во оваа сезона со големи очекувања, но поради здравствени проблеми на тренерот Џакомо Гатузо мораше да ја прекине соработката со него. Италијанските медиуми пренесуваат дека нов тренер на Комо би можел да биде Морено Лонго.

Перуџа го раскина договорот со Фабрицио Кастори по само една победа, едно реми и пет порази. Се наведува дека следен шеф на клубот би можел да биде Силвио Балдини.

Scroll to Top