Кој ќе биде новиот тренер на Реал Мадрид е прашањето кое си го поставуваат навивачите на „кралскиот клуб“. Клупата на великанот од Мадрид е празна од вчера, кога Зинедин Зидан соопшти дека поднел оставка.
Зидан. втор пат во кариерата, репи да го напушти Реал. Вториот мандат го започна во февруари 2019 година, ја освои Ла Лига минатата сезона и го освои трофејот во Суперкупот на Шпанија. Сезоната 2020/2021, Зидан ја заврши без трофеј.
Првиот пик на Реал за нов тренер беше Масимилијано Алгери, меѓутоа тој реши да ја прифати понудата на Јувентус.
„Марка“, тврди дека тренер на Реал наредната сезона ќе биде еден од овие четворица: Раул, Антонио Конте, Маурисио Покетино и Чаби Алонсо.
Навивачите најмногу би сакале да го видат Раул на клупата. Легендата на Реал е тренер на Б-тимот.
Покетино има договор со ПСЖ, но во клубот не биле задоволни од него откако не успеа да ја одбраи титулата во Лига 1. Наводно и Покетино не бил задоволен и доколку добие добра понуда би заминал од Париз.
Конте е класа за себе, еден од најдобрите во светот. На Интер му ја врати титулата по 11 години. Сепак тој е познат како тренер со цверсти ставови и прашање е како би се вклопил во Реал.
Најмалку шанси му се даваат на Чаби Алонсо, кој го предводи вториот тим на Реал Сосиедад.