Top Sport

Четворица сигурно ќе ја напуштат Барселона

Каталонскиот гигант Барселона на трансфер листата стави четворица фудбалери, но е подготвен да продаде уште двајца важни играчи доколку за нив добијат добри понуди.
Раководството на Барселона ќе ги продава Франк Кеси, Џорди Алба, Феран Торес и Ансу Фати.

Покрај „четворката“ која е сигурна на трансфер листата, челниците на каталонскиот гигант се подготвени да ги слушнат понудите за Бразилецот Рафиња и Ерик Гарсија.

Веќе подолго време се зборува за заминувањата на Феран Торес и Ансу Фати. Клубот за двајцата бара најмалку 50 милиони евра и таа цифра треба лесно да ја наплати.

Со продажбата на Фати, клубот ќе ја ослободи „десетката“ што му ја дадоа откако Лионел Меси си замина од клубот.

Франк Кеси се поврзува со враќање во Италија. За него сериозно се заинтересирани Јувентус и Интер, а Барса би можела да инкасира најмалку 30 милиони евра за 26. годишниот фудбалер.

Цорди Алба е најголемиот проблем на Бара. Има огромен договор и не сака да си замине една година пред крајот на соработката, а има 36 милиони причини да не го направи тоа.

Треба да се напомене и дека за Рафиња е заинтересиран англискиот Њукасл Јунајтед, а во случај на добра понуда лесно може да се случи Бразилецот да го напушти и „Камп Ноу“.

Scroll to Top