Top Sport

Четворица во Локомотив заразени со коронавирусот

Вторпласираниот тим во руската Премиерлига Локомотив од Москва објави дека четворица фудбалери биле позитивни на коронавирусот.

Зо ковид-19 биле заразени Дмитриј Баринов, Антон Коченков, Тимур Сулејманов и Роман Тугарев.

Овие четворица не чувствувале никакви симптоми. Тие се наоѓаат во самоизолација во своите домови.

Претходно позитивен тест на коронавирусот имаше и Перуанецот Џеферсон Фарфан.

Додека наведените фудбалери се во самоизолација нивните соиграчи тренираат во клупскиот камп во близина на Москва. Руското првенство ќе продолжи на 21 јуни.

До крајот на сезоната во Русија останаа уште осум кола Локомотив и Краснодар имаат по 41 бод, девет помалку од лидерот Зенит.

Scroll to Top