Top Sport

Реал вреди најмногу, Јунајтед е зад него

КПМГ направи проценка на вредноста на 32 најпознати европски клубови. Ова е петта годишна листа која ја објави КПМГ.

На првите две места на листата нема промени од лани. Број 1 е Реал Мадрид, а зад него е Манчестер Јунајтед. Реал вреди 3,47 милијарди, а Јунајтед 3,34 милијарди евра.

Барселона на третото место го мина Баерн Минхен. Каталонскиот клуб има вредност од 3,19 милијарди евра, додека најтрофејниот германски клуб е проценет на 2,87 милијарди евра. Во Топ 5 за прв пат се наоѓа Ливерпул. Се уште актуелниот европски првак скокна за две места на листата, неговата вредност изнесува 2,65 милијарди евра.

Интересно меѓу највредните десет клуба, шест се од Англија. Во Топ 10 нема ниту еден италијански клуб.

Според КМПГ во перидот од една година најголем раст од неверојатни 45,3 отсто забележал Пари Сен Жермен. Францускиот шампион се наоѓа на деветтото место.

Голем раст од 42 отсто бележи и Интер, кој на листата е на 14 место.

Комплетната листа на КМПГ.

Scroll to Top