Барселона, вечерва, во дербито на колото, гостува во Мадрид кај шампионот Атлетико. Овој натпревар би можел да биде последен за Роналд Куман на клупата на Барселона. Иронијата е во тоа што Холанѓанецот, порад суспензијата, нема да може да го предводи тимот.
Шпанските медиуми, во последните три недели, се занимаваат со имињата на потенцијалните наследници на холандскиот тренер.
„Никој од клубот не разговарал со мене на оваа тема. Овде бидејќи го сакам овој клуб. Ја прифатив работата и покрај тоа што знаев дека ќе биде тешко. Сепак, ситуацијата сега е многу потешка него кога дојдов минатото лето“, изјави вчера Куман.
Каталонскоот радио, претпладнево објави дека, претседателот Џоан Лапорта, се откажал од идејата во клубот да се врати легендарниот Чави. Лапорта сметал дека се уште не е врема за Чеви, бидејќи на тимот му е потребен целосен ремонт.
Негов фаворит бил 51- годишниот тренер на Ајакс, Ерик тен Хаг.
Овој тренер забележал 130 победи на 170 натпревари со Ајакс. Пред две години со Ајакс играше во полу-финалето во Лигата на шампионите.