Севилја потврдија дека го добиле потписот на Мексиканецот Хавиер „Чичарито“ Ернандез од Вест хем со нов тригодишен договор.
Чичарито ги поминал медицинските тестови во понеделникот наутро за да стави потпис на договор до 2022 година, а за неговите услуги андалузискиот клуб плати 7.75 милиони евра. Со овој договор Ернандез се враќа во Шпанија, каде што беше позајмен фудбалер на Реал Мадрид во 2014/15.
Поранешниот фудбалер на Манчестер јунајтед постигна 17 голови во 63 натпревари за „чеканите“. Тој претставува 12. засилување за Севилја ова лето!
?? Signing number 12! ?⚽️ Welcome to Sevilla, @CH14_!#WeareSevilla #ChicharitoSevillista
— Sevilla FC (@SevillaFC_ENG) September 2, 2019