Top Sport

Официјално: Ребиќ во Милан, Калиниќ во Рома!

Хрватските фудбалери беа активни во последниот ден од преодниот рок од Европа, и двајца нивни напаѓачи фудбалската среќа ќе ја побараат во Серија А.

Анте Ребиќ доаѓа како големо засилување за Милан со опција за купување, додека во спротивна насока, Андре Силва заминува во Ајнтрахт Франкфурт. Двајцата фудбалери беа проценети на 25 милиони евра, така што се работи за „чиста“ замена. Португалецот Силва имаше повреда на ахиловата петица, што му спречи да направи трансфер во Монако, но во Ајнтрахт оценија дека повредата бргу може да се санира.

Во исто време, Рома потврди дека Никола Калиниќ доаѓа како позајмен фудбалер од Атлетико Мадрид со опција за купување за околу 8 милиони евра. 31-годишниот Калиниќ се враќа во Серија А, каде што играше во Фиорентина од 2015 до 2017 и помина една неславна сезона во Милан (2018/19). Покрај него во Рома доаѓа и Хенрик Мхитарјан од Арсенал, исто така на поазјмица.

Scroll to Top