Хавиер Ернандез Чичарито по 10 години го напушта европскиот фудбал, откако го договори трансферот од Севилја во МЛС клубот, Лос Анџелес галакси и не можеше да ги заддржи емоциите при телефонскиот повик до неговите родители во Мексико.
Поранешниот фудбалер на Манчестер јунајтед, во телефонскиот разговор со своите родители како да смета дека „не успеал“, но признава дека ќе биде полесно тоа што ќе биде поблиску до нив.
„Остварив многу работи, и помалку сум носталгичен, но го направив изборот и сега ќе бидам поблиску до вас и ќе можеме да се гледаме. Се чувствувам како да сум на крајот на кариерата за која работевме толку многу. Го пензионираме европскиот сон и морав да ве слушнам бидејќи бевме заедно цело време“, вели емотивниот Мексиканецот.
The “retirement” quote is what will be talked about most, but what’s significant here is that Chicharito feels like he let his family down by leaving Europe. Clearly wants his parents to be proud of him. We’ve all been there. pic.twitter.com/ZxfgIXv3aF
— The Cooligans (@SoccerCooligans) January 23, 2020