Top Sport

Чилаверт: Без Меси, Аргентинa нема да ја мине групата

Легендарниот голман на парагвајската репрезентација, Хозе Луис Чилаверт вели дека аргентинската репрезентација нема да ја помине групната фаза на СП во Русија без Лионел Меси.

„Аргентинците имаат добри играчи како Серхио Агуеро, Гонзало Игуаин, Пауло Дибала и Анхел ди Марија, но тие не се играчи кои можат да стигнат до победа. Без Меси, нема втора рунда. Дури и кога само стои, ривалите се плашат“, вели Чилаверт во интервју за весникот „Ла насион“.

Чилаверт, кој беше на голот на Парагвај на Светското првенство, исто така беше познат по тоа што во кариерата постигна 62 голови од слободен удар. Тој вели дека би сакал да ги види Аргентина повторно во финале, но беше импресиониран и од првиот противник на Аргентина, Исланд.

„Не може да и се верува на Аргентина против Исланд, бидејќи тие имаат фантастични играчи, силни и секогаш подготвени за борба. Сакам да ја видам Аргентина во финалето како во 2014 година и со титулата. Зошто? Само за Меси. Јас сум голем навивач на Меси, бидејќи тој е играч од друга планета, додека Кристијано Роналдо и Нејмар сепак, се од оваа планета. Ќе поминат илјадници години додека добиеме нов Меси“, додава Чилаверт.

Scroll to Top