Top Sport

Свастиката на „Пољуд“ донесе суспензија за Хрватска

Хрватска ќе отслужи уште еден меч суспензија поради свастиката на теренот на „Пољуд“ пред квалификацискиот меч за Евро 2016 против Италија, што значи дека дуелот со Англија од Лигата на нации ќе се одигра под затворени врати.

По скандалот против Италија, дисциплинската комисија на УЕФА им одзеде еден бод на Хрватите, ги казни со 100.000 евра и одлучи два натпревари да се играат без гледачи. Во квалификациите за Евро, Хрватска играше против Бугарија (3:0) пред празни трибини.

Scroll to Top