Top Sport

Чиле го сака Спалети за селектор

Лучано Спалети ги започнал преговорите околу преземањето на фудбалската репрезентација на Чиле. Медиумите во оваа земја тврдат дека Спалети „покажал исклучителен интерес“ за да го наследи на кормилото на репрезентацијата Реиналдо Руеда.

Спалети е без работа од 2019 година, кога доби отказ во Интер. Тој никогаш во кариерата не бил селектор.

Чилеанците пишуваат дека постојат две сериозни пречки стојат на патот на Спалети: неговото непознавање на шпанскиот јазик и финансиските барања. Спалети во Интер заработуваше речиси пет милиони евра годишно.

Реиналдо Руеда лошо ги започна квалификациите за пласман на Светското првенство, поради што мораше да отстапи од функцијата. Чиле по четири одиграни натпревари, има само четири поени.

Scroll to Top