Top Sport

Чириќ: Феликс Магат би можел да биде спасителот на Вардар

Поранешниот македонски репрезентативец Саша Чириќ потврдил дека на легендарниот германски фудбалер Феликс Магат му предложил преку неговата компанија „Фајераларм Глобал Сокер“ да инвестира во најтофејниот клуб во Макеоднија, Вардар.

Чириќ на својот профил на „Фејсбук“ ја сподели оваа информација со напомена дека постојат одредени проблеми и дека невозможно е работата да се заврши за неколку дена.

„Тука покрај проблемот со долгот кој е неколку милионски и одредени правни проблеми, го имаме и проблемот со корона ситуацијата која оневозможува нормално патување на луѓе т.е. некој да влезе во нашава земја и да се врато во својата земја а да не оди во карантин. Да не се лажеме, никој нема да префрли неколку милиони само со два-три телефонски повика и со мејлови. За да се заврши треба луѓето да дојдат да ја снимат целата ситуација, да седнат со сите инволвирани страни и да го решат проблемот (како и Бугарите кои 3-4 пати веќе доаѓаа)“, напишал Чириќ.

Основната дејност на компанијата „Флајераларм Глобал Сокер“ е инвестирање во фудбалски клубови. Компанијата е делумен сопственик на австрискиот фудбалски клуб Адмира Вакер и женскиот фудбалски клуб Вирцбург Кикерс. Исто така оваа компанија е главен спонзор на женската Бундеслига.

фото/fkvardar.mk

Scroll to Top