Top Sport

„Чистка“ во ПСЖ – Геје во Евертон, Курзава во Фулам

„Чистката“ во Пари Сен-Жермен под новиот тренер Кристоф Галтие и новиот спортски директор Луис Кампос продолжи и во последните моменти од преодниот рок, откако Идриса Геје се врати во Евертон, додека Лајвин Курзава е позајмен во Фулам.

Фулам го потврдија пристигнувањето на левиот бек Курзава на позајмица во 2022/23, а Французинот ќе може да дебитира веќе во следното коло.

„Пресреќен сум што, конечно, се финализираше трансферот. Тука е вистинско фудбалско семејство и работите се кул. Ги гледав сите мечеви на Фулам оваа сезона и едвај чекам да се приклучам на тимот“, изјави Курзава.

Идриса Геј, пак, потпиша двегодишен договор со Евертон, каде што помина три сезони пред да потпише за ПСЖ во 2019 година. Тој е седмо летно засилување на тимот на Френк Лампард.

„Нема подобро чувство од враќањето дома. Го следев тимот секоја недела и нема подобро место од Евертон“, изјави 32-годишниот Сенегалец.

Scroll to Top